Силно невреме попладнево ја погоди Далмација, Хрватска. Тоа беше очекувано ако се земе предвид најавата од метеоролозите кои за некои области издадоа и црвен аларм.
Дождот ги поплави улиците во Сплит и предизвика дополнителни проблеми во сообраќајот, покрај вообичаената гужва поради туристите.
Слична е состојбата и во Дубровник, јавуваат хрватските медиуми.
Во околината на Шибеник, ветрот кршеше стебла од дрвјата, кои паѓаа по улици и врз автомобили.
Невремето донесе и мали торнада, наречени „пијавици“, во близина на островот Крк каде тие на брегот исфрлија два клисера на брегот.