Шестгодишно девојче од Јужа Кореја стана сопственичка на мултимилионски комплекс во јужнокорејскиот главен град, Сеул.
Нејзиното име е Борам и таа е позната јутјуберка со 30 милиони следбеници. На Јутјуб има два канали и прави рецензии на играчки за деца.
Како што пренесе Си-Ен-Ен, зградата која таа ја купила е на 5 ката, а ја купила за 8 милиони американски долари, преку компанијата што ја основале нејзините родители.
Имотот кој таа го купила се наоѓа во една од најелитните населби во главниот град на Јужна Кореја.