Ременски: Не сум горда што 80 отсто од дипломираните на мојот факултет се невработени

Мелодијата е гласна и локалното население се жали дека „музичкиот пат“ создава бескрајна какофонија.

1716

Во текот на изминатите години не е случаен одливот на младите учени кадри од Македонија. Нашиот потенцијал, нашата иднина, нашиот влог во квалитетните реформи во општеството заминува некаде надвор, да биде вреднуван на трето или четворо ниво, без притоа да се вреднува трудот, туку да се земаат како гола работна сила во земјите од Европа, нагласи потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

На денешната јавна расправа на тема „Дали и каков закон за млади ни треба“, таа истакна дека воопшто не е горда што Македонија е прва по младинска невработеност во Европа, а трета во светот.

– Јас воопшто не сум горда што ќе кажам дека 80 проценти од дипломираните млади лица на мојот факултет се невработени, јас не сум горда кога ќе кажам дека 60 отсто од тие студенти не работат по својата професија – потенцираше Ременски.

Потпретседателката на Собранието ги охрабри младите лица да бидат критични кон она што го работи Владата со цел да бидат исправени политиките кои можат да бидат и подобри.

– Не треба да се откажуваме од битките, не треба да кажуваме дека тоа е битка на некој друг, дека тоа не е моја битка во моето општество. Законот за млади ќе ви донесе законски гаранции, но тоа нема да биде доволно – рече пратеничката.

Таа наведе дека за иднината на младите во Македонија надеж и дава отвореноста на Владата.

– Ова е значаен исчекор напред и знак дека се почитуваат младите лица во Македонија. Соработката меѓу младинските организации и институциите е клучна за развивање на едно здраво и квалитетно општество. Денешната генерација на млади луѓе сега и во иднина ќе игра голема улога во тоа како државата ќе се прилагодува на предизвиците што претстојат – нагласи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...