ЛАЖНА ВЕСТ По вистинската вест дека Катица го изневерува Заев…

Еве што сторил Зоран Заев кога дознал дека Катица се фатила со Боки.

19574

Отишол Заев на лекар.

– Докторе, разбрав дека Катица ме изневерува.

– Со кого бе?

– Со Боки тринаеска.

– Пријави ли кај обвинител?

– Пријавив.

– Добро си сторил. И види сега, јас сум лекар, не можам ништо да сторам во врска со твојот случај.

– Ама чекај докторе, да ти раскажам како беше. Ја зедов пушката и на Катица и велам, сега тебе ќе те убијам. А таа ми вели, полека бе, седни тука да испиеме по едно кафе. Ако ме убиеш мене, ми вели, ти ќе лежиш, владата ќе падне, а Боки ќе си најде друга.

– Па сега, во право е жената…

– Утредента разбирам дека пак ме изневерува. Ја земам јас пушката и и велам, е сега Боки ќе го убијам. А таа, ама чекај, аман полека, смири се, ајде пак по едно кафе да испиеме. И пиеме кафе, оти јас со секого пијам кафе нели, а таа ми вели: ако го убиеш Боки, јас друг ќе си најдам, ти ќе лежиш, владата ќе падне и што си сторил?

– Паметна бе таа Катица, а ние ја мислевме…

– Ама чекај, докторе. Тоа не е сė. Утредента пак ги фаќам во љубов голема. Пак ја земам пушката и на Катето и велам, готово е, сега сам ќе се убијам. А таа, ама полека човече, седни по едно кафе да испиеме. И пиеме кафе, а таа ми вели: Зоки, ако ти се самоубиеш, јас и Боки пак ќе си бидеме заедно, ти ќе бидеш мртов, ем сите ќе ти смеат, ем владата ќе падне.

– Во право е. И што си сторил тогаш? Ништо.

– Е сега кажи ми ти, докторе, што треба јас да сторам?

– Види премиере, под итно да намалиш со кафето. Ќе ти се крене притисокот.

(Римејк на еден стар, добар виц, како за мал, неделен „напад врз демократијата“)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...