Умреле едногодишни близнаци откако таткото ги заборавил осум часа во автомобилот: Ги пронашле со пена на устата

На полицијата ѝ рекол дека заборавил дека биле таму, објави Њујорк пост“. Тој е обвинет во саботата по две точки од обвинението за намерно убиство и по две точки на убиство од небрежност.

1086

Хуан Родригез заработил обвинение по четири точки откако ги оставил своите близнаци (ќерка и син) во петокот и отишол на работа во болницата, каде што работел како социјален работник.

Едногодишните близнаци во петокот беа пронајдени мртви и со пена на нивните усти на задното седиште на автомобилот во квартот Бронкс во Њујорк. Нивниот татко, 39-годишниот Хуан Родригез ги оставил во врелиот автомобил и отишол на работа.

На полицијата ѝ рекол дека заборавил дека биле таму, објави „Њујорк пост“. Тој е обвинет во саботата по две точки од обвинението за намерно убиство и по две точки за убиство од небрежност.

Полицијата соопшти дека таткото го напуштил возилото околу 8 наутро во кој биле неговите деца, Мариза и Феникс, и отишол во болницата Џејмс Џ. Питерс ВА во Кингсбриџ, каде што работи како социјален работник. Од полицијата додале дека се вратил во автомобилот околу 16 часот и сфатил дека децата биле во него дури откако почнал да вози. Освен таткото, уште едно лице ја повикало полицијата откако го видело таткото како вреска покрај патот на Кингсбриџ терас и Кингсбриџ роуд.

– Ова е голем шок за нас. Неодамна имаа забава во нивниот двор, на која го прославија нивниот роденден. Имаат и четиригодишен син. Никогаш не сум видел да ги занемаруваат децата, ниту да ги пуштаат надвор без надѕор. Беа добри родители. Како сега да живеат со ова? – рекол еден сосед за „Њујорк пост“.

Во Америка секоја година во просек умираат 38 деца, кои остануваат заробени во автомобилите.

FOTO: Fejsbuk/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...