Рускиот претседател Владимир Путин се нурна во батискаф на дното на Финскиот залив, за да ги разгледа остатоците од подморницата ШЧ-308, што потонала во Втората светска војна. Батискафот во кој нурна Путин е специјално направен за големи морски длабочини.
– Впечатоците се живописни. Не ми е прв пат да нуркам. Затоа немам впечатоци од самото нуркање, туку од она што го видовме долу – рече Путин.