Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање на јама во рудникот за олово и цинк, „Булмак- Минстрој“ кај Крива Паланка.
Настанот се случил попладнево, потврдуваат од МВР при минирање на јама во рудникот. Од настанатиот одрон, починало едно лице на 57-годишна возраст со иницијални Б.М.
Со повреди се здобиле 32-годишниот А.Н. и 30-годишниот Ј.М. кои се пренесени во Клиничката болница во Куманово.
За случајот е известен и надлежен јавен обвинител.