Лажни вести во македонските медиуми

Најдобрата работа протов лажните вести е онаа која Американците ја направија, а тоа навистина е одличен пример: направија црна листа од веб сајтови кои се лажни, сајтови кои се исклучиво „клик бејт“, за разлика од оние кои се кредибилни и оние сајтови кои се на вистински новинари со своите извори. Тоа всушност е суштината. И тоа би требало и кај нас да се направи.

1308

Целта на лажните вести е да заведат, да манипулираат, да влијаат на човечките емоции. Кога ќе прочитате брутален наслов на порталите од типот „Скандалозно“, „Ексклузивно“, или кога ќе видите фотографија под која се наоѓа коментарот, на пример слика од Зоран Заев, и под него пасус од типот, „ова е човекот што ја продаде Македонија за милијарда евра“, потоа вие ќе кликнете на тој наслов, и оттука тој лажен наслов ве води кон лажна вест, потоа ве води кон лажен веб-сајт на кој нема уредник, редакција или било што друго кое е важно за еден кредибилен онлајн медиум, сѐ со цел некоја агенда да се протурка, некоја интересна или лоби група стои позади тоа надвор од официјалните соопштенија на институциите.

И сега, ако вие не сте доволно спремни, ако не сте доволно медиумски писмени, вие тоа ќе го голтнете, вие на тоа ќе поверувате дека да, точно е, Зоран Заев го продал името, итн. Значи тоа е главната цел: одредена интересна група која стои внатре или надвор од тежиштето на Мицкоски, треба да протурка политичка агенда, да се завладее со човечките емоции и така да се манипулира и со лажни информации.

Дозволете да кажам зошто се појавуваат толку многу лажни вести, текстови и наслови. Најчесто овие вести се производ на политичките кулоари, а колуминацијата ја доживеаја за време на американските претседателски избори во 2016 година. И сите ја знаете онаа приказна за малиот град во Македонија, Велес, град во кој е направена „фабрика од лажни вести“ заради кои ќе се поддржи еден од претседателските кандидати, а оние кои ќе кликаат на тие сајтови ќе може да заработат некоја пара освен самиот Гоогле и Фејсбук. Дури и самиот газда на Фејсбук Марк Зукеберг изјави дека ги забранува и брише лажните вести, но сепак, не е работата дали некој ги отстранува лажните вести, суштината е ние да ги препознаеме како тие се шират, и на кој начин тие се поставуваат како приоритетни.

Кога еднаш ќе кликнете, алгоритамот ќе го прочита и веднаш потоа ви сугерира слични сајтови на секој нареден пат. Најдобрата работа протов лажните вести е онаа која Американците ја направија, а тоа навистина е одличен пример: направија црна листа од веб сајтови кои се лажни, сајтови кои се исклучиво „клик бејт“, за разлика од оние кои се кредибилни и оние сајтови кои се на вистински новинари со своите извори. Тоа всушност е суштината. И тоа би требало и кај нас да се направи. Има кај нас неколку сајта, а тоа се „Проверка на факти“ и „Вистинометар“, тамо работат супер луѓе кои се дел од невладината „Метаморфозис“, луѓе кои работат фантастична работа за да допринесат за квалитетно новинарство.

Враќањето на довербата во информациите, според „Репортери без граници“ е клучна за добро и квалитетно новинарство. Доверба, тој збор е многу важен и треба да се обидеме сите ние да го ставиме во добар правец. Не се доволни само иницијативи, неопходно е да имаме квалитетно образование, соработка измеѓу новинарските организации, измеѓу индустријата и образовните институции, да речеме како што е факултетот за Политички науки, па така на некој начин да се гради подобар однос измеѓу новинарската фела и образовната институција.

Треба да се проверуваат сајтовите, да се видат темите кои тие сајтови ги третираат: теории за заговори, озборувања, трачеви, гласини, излекување на тешки болести… Друга работа е дека не е само проблемот во одреден сајт. Во светот работата со лажните вести е уште по драматична. И многу подрастична. Еднаш кога ќе тргнете да манипулрате со некаков видео материјал или аудио снимки, тоа е уште потешко за проверка.

Пред самиот крај, дозволете да ви кажам што се тоа лажни вести. Практично тоа се три начини.

1.) Копи-пасте новинарство (трка за што повеќе информации и кликови, преземање на вести од други портали, од фесбук, од твитер, воопшто не се проверува изворот и кредибилитетот на таа информација);

2.) Дневен весник што има додаток за здравјето на луѓето (не затоа што тие дневни весници се заинтересирани за нашето здравје, туку затоа што тоа е добар начин за рекламирање на фармацевската индустрија која пак препозна дека така е многу подобро отколку преку класична реклама во маркетингот);

3.) Политичка пропаганда која е во блиска кореалација со национализмот (а неговите начела во некоја теориска смисла се: начело на старозаветна нација, начело на исконскиот предавник на македонското јадро, начелото нашиот месија, начело на света земја, од идентитетот до многу лукративниот наратив ‘за името’, и тоа се менува по потреба).

А на самиот крај, во пакетот на лажни вести има уште една група: мигранти, ЛГБТ луѓето, справување со разни болести на природна база. Тоа се темите кои предизвикуваат раст или пораст на лажните вести од 2013 година до денес. Се разбира, тука е вклучена и политиката, ама ова се некои најтретирани теми кои се подложни на манипулација денес во светот.

Далеку е, пријатели, приказната кај нас од некакви стандарди и етички норми во новинарството и пласирање на проверена и точна информација. Затоа, да престанеме да се занесуваме, и да видиме што сите ние ќе правиме со лажните и измислени вести.
Ако размислите подобро, ќе видите дека владата бара начин како да се справи со лажните вести, а не дека ќе воведе цензура и дека Акцискиот план е пат до цензура. Невозможна е цензурата, ама очигледно е дека невозможна е и точната информација и вест.

Размислете, пред да удрите во шерпата преполна лага.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...