Три девојки и момче загинаа во страотна несреќа кај Шабац

860

Страотна сообраќајка се случила утрово во близина на Шабац, кај селото Табановиќ кога автомобил „форд фиеста“ излетал од патот и удрил во столб за јавно осветлување. Во несреќата загинаа три девојки и момче, а девојката која го возела „фордот“ е тешко повредена. Таа веднаш била пренесена во болницата во Шабац.

На местото на несреќата загинале Ивана Богуновиќ(20), Сара Лолиќ (18) и Миодраг Јовичиќ (19) од соседното село Мачвански Причиновиќ, како и Тања Лацковиќ(18) од Богатиќ. Автомобилот го возела Мја Лолиќ(20) сестра на загинатата Сара. Тие околу 4.30 часот се враќале од Шабац каде ја поминале вечерта во град.

Очевидци во ужас раскажуваат дека глетката била страотна. Делови од мозок, откинати раце и нозе на загинатите биле разлетани околу автомобилот, дел завршиле на оградата од куќата во близина. Во „фордот“ на седиштето биле фармерките кои испаднале од починатиот.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...