Данев: За да ја задржите климавата коалиција со ДУИ ги подривте државните интереси

313

Актуелната Влада покажа и докажа дека нема капацитет за водење на институции и наместо да решава проблеми на граѓаните, работи исклучиво за своите партиски и лични интереси, рече шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на собраниската седница за доверба на владата.

– За задржување на климавата коалиција со ДУИ, за да останете на власт ги подривте националните и државните интереси. Повеќе нема демократија во РМ, премиерот и министрите во исто време се политичари, судии, обвинители и бизнисмени. Ги партизирате сите институтции, се бркаат од работа и се деградираат професионалци. Судството е заробено, се кршат Уставот и законите, што се покажа со носењето на законот за јазиците. Дојде живот само за владините и партиските функционери на СДСМ – рече Данев.

Тој додаде дека премиерот Зоран Заев е предводник на најнеспособната, нејнеработливата и најкриминалната влада во македонската историја.

Додаде дека во изминатите десет месеци владејачките партии заборавиле на предизборните партиски програми и ветувања кои ги дале пред граѓаните и не оствариле ниту еден единствен проект и реформа со кои ја барале довербата од граѓаните. Според него, незадоволни од владата се пензонерите, лекарите, младите, старите…

Како погубни се оценети и економските политики и планот „3-6-9″ и се обвинува Владата за класично распродавање и негрижа за прашањата од национален интерес.

Барањето за гласање доверба на владата е поднесено од 42 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу потписниците е и Иван Стоиљковиќ од ДПС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...