МВР: Само Гури бил нападнат на протестот на Скендербег

852

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендербег во Скопје има пријавено само еден физички напад. Нападнат бил Исмет Гури од ДУИ од непознато лице. На Гури му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски.

– Други пријави за физички напад на вчерашниот протест до сега во МВР нема. Апелираме доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што Министерството за внатрешни работи според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај, стои во соопштението на МВР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...