Во Центар собрани 14 тони кабаст отпад

180

Собрани се 14 тони кабаст отпад во акцијата која Општина Центар ја организираше вчера, во соработка со ЈП Комунална хигиена и Град Скопје. Граѓаните го оставаа својот отпад на трите поставени во Дебар Маало, кај Универзална сама и Зелен пазар, соопшти Општината.

Во рамки на вчерашаната акција се чистеа улици и се уредуваа јавните површини на целата територија на Општина Центар. Во неа учествуваше општината, со 100 работници и целосната механизација, како и службите од Град Скопје и ЈП Комунална хигиена.

Општина Центар продолжува со редовните активности за одржување на чистота на  својата територија. Апелираме до граѓаните правилно да го одложуваат отпадот. Хигиената на јавните површини и заштита на животната средина се наш заеднички приоритет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...