Светска банка дава „зелено светло“ за прогресивното оданочување

Покрај другото ниските приходи како и силното раслојување на населението се причини за промена на даночниот систем, сметаат од Светска банка.

469

Даночната реформа која предвидува воведување на прогресивното оданочување е во добра насока, но треба да се направат подетални анализи пред да се определи прагот на кој се однесува повисоката стапка на оданочување, изјави директорот на Канцеларијата на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели на денешната презентација на Редовниот економски извештај за Западен Балкан.

Мантованели рече дека за ваквиот став има основа во податоците кои сега и се достапни на Светска банка, а кои одат во прилог на она што го анализира Министерството за финансии во однос на вовоедувањето на прогресивниот данок.

Сепак, како што рече, прагот како и стапката оставаат да ги утврди Владата.

Експертите на Светска банка сметаат дека со една од причините за воведувањето на прогресивниот данок кој го практикуваат најголемиот дел од земјите во Европа се и ниските приходи.

-Една од причините за ваквите приходи е и рамниот данок. Македонија заедно со Албанија и Косово има најниски приходи во Европа – вели Бојан Шамбов, економист во Канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Потребата од промена на даночниот систем, како што наведе тој,  се гледа и од силното раслојување на населението и разликите во одданочувањето на капиталот.

-Кај посиромашните односно помалку платените работници има поголеми отстапки во однос на оданочувањето отколку кај побогатите кај кои капиталот е слабо одданочен – вели Шимбов.

На проблематиката работат и експерти на Банката во Вашинктон кои, како што беше речено, ги имаат предвид сите специфики во Македонија. Наскоро и ќе излезат со свој став.

Во однос на реформите во пензискиот систем од Светска банка наведоа дека анализата која ја прават нивни експети е во тек и дека се уште е далеку од конечно решение.

Мантованели наведе дека има повеќе можности за консолидирање на пензискиот систем, а зголемувањето на старосната граница за пензионирање е само една од нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...