Фотографијата на која петгодишната Рихам на работ на урнатата зграда за маица ја држи својата помала сестра Туку го обиколи светот.
Настанот го овековечија новинари на SY-24 откако во средата сиријската војска го бомбардираше Идлиб.
– Фотографот ништо не можел да види од урнатините на остатоците од зградата, но слушнал плач на бебиња, деца и татковци – рекле за BBC за SY-24.
Новинарот Башар ел Шеик заробеното семејство го фотографирал во урнатините на зградата додека известувал за ракетирањето на Идлиб и по ова притрчал да им помогне.
Неколку моменти потоа зградата се урнала и дополнитено ја повредила петгодишната Рихам и седумесечната сестра Туку.
Девојчињата подоцна се извлечени од урнатините и префрлени прво во локалната клиника, па во поголема болница во Идлиб.
Рихам починала од повредите, а Туку се наоѓа на интензивна нега.