Руски хакери пробиле во изборниот систем на 21 американска држава

508

Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат синоќа објави извештај за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД.

Објавениот извештај го прикажува првиот дел од резултатите на истрагата на Сенатот за вмешаноста на Русија во кампањата за избор на претседател на САД во 2016 година. Се истакнува дека Кремљ продолжува со поткопувањето на демократските процеси и моментално се ориентира на претседателските избори во 2020 година.

Наодите од извештајот укажуваат дека руски хакери започнале со подготовки за операција од огромни размери против изборната инфраструктура во САД уште во 2014 година.

Цел на нападите бил базите на податоци со избирачки списоци и машини за обработка на гласачките ливчиња во сите 50 сојузни држави. Руски хакери пробиле во изборниот систем на 21 држава. Се истакнува дека не се откриени докази за манипулирање со изборните резултати во тие држави.

Во извештајот не се објаснува од какви цели биле водени хакерите. Се зборува и за напорите на Москва за пробив на компјутерските системи на Демократската партија и кампања за дезинформација во социјалните мрежи за да се посее раскол помеѓу американските избирачи.

Сенатот ја проанализира и компјутерската инфраструктура на изборниот систем на САД и препорача замена на технички застарени системи за гласање и доделување дополнителни финансии за безбедносните мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...