Оваа фотографија, „стој на раце“ со израелскиот амбасадор Дан Оријан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно, напиша претседателот Стево Пендаровски на својот профил на Твитер објавувајќи ја оваа фотографија.
Израелскиот амбасадор има обичај во местата што ги посетува да направи некаква гимнастичка вежба. Има направено шпага во вис во Битола, стој на раце на скопскиот плоштад и тн.
Амбасадорот Оријан вежбал гимнастика од своите 10 години.