Британската агенција за воздушен сообраќај НАТС денеска соопшти дека направила доволно за да го поправи системскиот проблем со цел летовите на аеродромите Хитроу и Гетвик да се вратат во нормала, откако претходно беа одложени поради техничките проблеми.
– По техничките проблеми во воздушниот сообраќај утрово во контролниот центар Свенвик, го решивме проблемот за безбедно да го зголемиме протокот на сообраќај – се наведува во соопштението на НАТС.
Летовите на двата најпрометни аеродрома во Лондон беа пренасочени поради технички проблем во главниот центар за контрола на воздушниот сообраќај за јужна Англија, соопштија денеска аеродромските служби.
– Имаме технички проблем со системот во контролниот центар Свенвик, што предизвика ограничување на летовите. Правиме се што е во наша моќ да го решиме тоа што побрзо, соопшти претходно контролниот центар НАТС.
Евроконтрол, пак, потврди дека дефектот предизвикал голем број летови на двата аеродрома да бидат пренасочени.