Словенечката „ТАБ МАК“ најави втора инвестиција во Пробиштип од 25 милиони евра

608

Втора инвестиција вредна 25 милиони евра и 80 нови вработувања, најавува словенечката компанија за производство на акумулатори „ТАБ МАК“. Со работа наскоро ќе почне и производствениот капацитет на фабриката „Кранфилд Фаундри“, најавија денеска премиерот Зоран Заев кој заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– Бројот на вработени од Пробиштип и околните населени места во „ТАБ МАК сега е 440, а со дополнителната инвестиција од преку 20 милини евра за реконструкција и проширување на капацитетите според најмодерни стандарди, до крајот на 2022 година ќе бидат отворени дополнителни 90 работни места – рече Заев по посетата на „ТАБ МАК“.

По завршување на инвестицијата, „ТАБ МАК“ следната година ќе произведува три милиони акумулатори, а за оваа година е планирано да бидат произведени 1.700.000 парчиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...