„Витаминка“ и „Кожувчанка“ за оние кои денеска го поминаа граничниот премин Богородица, како и за оние кои ќе го поминат во текот на утрешниот ден, подготвија освежително изненадување – подарок од два природни напитоци – „Цевитана“ и природна „Изворска“ вода со кои патниците можат да се освежат додека чекаат да се завршат граничните формалности. Или, пак, да ги понесат со себе и да уживаат во освежувањето попатно или додека престојуваат на некое од одбраните места за одмор.
Консумирањето поголема количина на течности е задолжителна и е од исклучителна важност за човечкиот организам во летниот период. Дополнително, дневниот внес на витамини е потребен за правилно функционирање на човечкото тело и е поддршка на имунолошкиот систем.
– Токму затоа „Витаминка“, во соработка со „Кожувчанка“, решија оваа потреба на патниците кои ја поминуваат границата да ја задоволат со еден ваков подарок. Нашиот познат бренд „Цевитана“, кој е достапен во седум вкусови (лимон, портокал, манго, ананас, грејпфрут, минт и лимон и лимон и бозел) е освежителен витамински напиток со 9 витамини (А, Б-комплекс, Ц и Е). Три до четири чаши „Цевитана“, подготвени брзо и едноставно, се сигурен начин за задоволување на потребите и надополнување на дефицитот од витамини во дневната исхрана. „Цевитана“ е напиток кој содржи природни состојки без вештачки засладувачи, бои и ароми. Делотворната моќ на овој популарен витамински напиток е очигледна кај сите возрасти, а особено кај децата – објаснуваат од компаниите.
Со освежителното изненадување двата познати бренда денеска им понудија на патниците момент на уживање и освежување посакувајќи им среќен пат и убав викенд надвор од државата. Активноста ќе продолжи и во текот на утрешниот ден кога се очекува голем број патници да го поминат овој граничен премин.