Со сол врз асфалтот Кавадарци се бори со жегата

3810

Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури.

Денеска Јавното претпријатие „Комуналец“ и надлежните од општината за прв пат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на две кавадаречки сообраќајници. Сол беше расфрлана на Обиколницата Северен булевар и на новиот дел од Западен булевар.

Овај метод се покажал како ефикасен за разладување и намалување на температурата на врелиот асфалт. Технологијата се базира на принципот според кој солта ја одзема влагата од воздухот и ја привлекува кон асфалтираните површини, а со тоа се разладуваат патиштата и се спречува пукање на асфалтот и создавање нерамнини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...