Град Скопје за првпат во историјата поднесе кривична за неовластено фрлање смет

831
Фото: Град Скопје

Големата акција за чистење и уредување на јавните површини која ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и десетте скопски општини, почна денеска во неколку скопски општини: Кисела Вода, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. Но, денеска е поднесена и првата кривична пријава за неовластено фрлање смет.

Во секоја општина веќе се поставени по 3 пункта за одлагање кабаст отпад каде што граѓаните ќе можат да го остават својот отпад од ваков тип. Оваа акција ќе биде проследена и со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места. Можам да кажам дека за првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата „Александар Урдаревски“ во општината Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис со никого кога станува збор за чистотата во нашиот град  – рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Акцијата за чистење и уредување на градот ќе опфати расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење дрвја и косење трева и пополнување ударни дупки.

Акцијата за генерално чистење на Скопје продолжува и утре, во другите 5 градски општини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...