Стефан Богоев и Наташа Петровска дале искази за „Рекет“

1588

Градоначалникот на Карпот, Стефан Богоев, вчера, а денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, дале исказ за случајот „Рекет“, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Но, во интерес на истрагата, велат оттаму, не можат да споделат детали за содржината на нивните изјави.

Во „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, а меѓуделата кои се предмет на истрагата се примање награда за противзаконито влијание и  прење пари.

– Паралелно со прибирањето на вербални докази, обвинителството дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија. Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител – велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...