Ахмети: Опозицијата да соработува со власта и со меѓународната заедница

214

Вршителот на должност помошник – државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер на денешната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица разговараше за актуелните политички случувања во државата. Двајцата соговорници се согласни дека треба да се работи на унапредување на судството и односите со соседите.

– Разговаравме за значајни прашања, за нашите напори што ги правиме за владеење на правото во нашата земја. Исто така разговаравме околу законот за јавно обвинителство, за постигнување резултати во реформите посебно во судството, како и за понатамошно унапредување на односите со соседите. Една од темите беше развој на односите на земјава со регионот за да имаме Западен Балкан што ќе биде помирен. Затоа е потребна подобра и посилна комуникација при што помошник – секретарот не охрабри овие процеси да ги засилиме – изјави Ахмети по средбата.

Тој истака дека останува поддршка од страна на САД за Република Северна Македонија и нема конкретни забелешки од нивна страна.

– Единствено се бара посилна консолидација на институциите посебно на тие што имплементираат законот – рече лидерот на ДУИ.

На новинарските прашања што ако опозицијата не гласа за законот за јавно обвинителство, Ахмети вели дека меѓународната заедница како стратешки партнери на земјата бара овој закон што е можно поскоро да се усвои.

– Што се однесува до опозицијата, тие би требало да имаат предвид дека треба да комуницираат и соработуваат со политички сили во земјата, но и со меѓунаронародна заедница, затоа што прашањата се толку поврзани едно со друго – рече Ахмети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...