Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бернардо Силва упати апел до УЕФА да воведе видео технологија (ВАР) во Лигата на шампионите како би се спречиле големи судиски грешки.
Реакцијата на Силва доаѓа по неправедно поништениот гол на Сити синоќа на дуелот со Ливерпул во четвртфиналето од шампионската лига.
– Дали би користеле ВАР технологија следната сезона? Тоа ќе биде многу корисно, напиша Силва на својот Инстаграм профил по завршувањето на натпреварот, во кој Сити беше елиминиран.
Многу приговори на шпанскиот судија Антонио Матео Лахоз имаше и менаџерот на „граѓаните“ Жозеп Гвардиола кој беше исклучен на полувремето.