Трамп ѝ се заканува на Шведска поради раперот: Правиме многу за вас, а вие вака ни враќате!

АСАП Роки бил уапсен во Шведска на почетокот на јули оваа година поради инцидентот што се случил по концертот во Стокхолм на 30 јуни.

892

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е многу разочаран од премиерот на Шведска, Стефан Левен, бидејќи не можел да реагира во случајот со раперот АСАП Роки кој се наоѓа во затвор во таа земја.
Трамп на својот профил на Твитер побарал раперот да биде ослободен.

„Шведска ја разочара нашата афроамериканска заедница во САД“, оценил Трамп, додавајќи дека АСАП Роки го следат и го малтретираат.

Тој навел дека САД прават многу Шведска, но дека тоа изгледа не функционира во обратната насока.

– Шведска би требало да се концентрира на своите вистински проблеми во криминалот – порачал Трамп.

Американскиот претседател неодамна објави дека имал многу добар телефонски разговор со шведскиот премиер кој, како што навел, му ветил дека кон американскиот државјанин АСАП Роки ќе се однесува фер.

Како што претходно пишуваше Си-ен-ен, првата дама на САД, Меланија Трамп, и познатиот рапер Канје Вест побарале од Трамп да се вмеша во случајот со Роки, што американскиот претседател подоцна го обелоденил на Твитер.

АСАП Роки бил уапсен во Шведска на почетокот на јули оваа година поради инцидентот што се случил по концертот во Стокхолм на 30 јуни. Раперот и неговата придружба наводно претепале, шутирале и исекле еден маж со скршени шишиња.

Судиите процениле дека Асап би можел да побегне од Шведска, па му била изречена мерка притвор додека трае истрагата.

FOTO: PROFIMEDIA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...