Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за во 13 часот закажа прес-конференција.
Таа следува откако помошникот заменик секретар на САД, Филип Рикер, на заедничка прес-конференција со Зоран Заев ѝ порача на опозицијата дека треба да биде конструктивна, времето на политички игри завршило и оти треба да го откочи носењето на Законот за јавно обвинителство.