Мијалков си го бара пасошот за лечење, Фетаи се противи

1082
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бара судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство, пишува „Независен весник“.

Според информациите на весникот, Мијалков отишол во СЈО со еден куп медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“.

Обвинителката Фатиме Фетаи, до судот, пак, испратила негативно мислење, потпишано од Катица Јанева.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...