Димитров – Рикер: Почнуваме нова етапа во соработката како сојузници во Алијансата, реформите да продолжат

134

Вашата посета се случува во многу важно време за земјата и само ден по вчерашнато усвојување на Пристпаниот протокол за членство на нашата држава во НАТО од страна на Комитетот  за надворешни работи на американскиот Сенат. Поддршката на САД за евроатлантските интеграции на Северна Македонија беше и останува суштинска за постигнувањето долгорочна стабилност, натамошна демократизација и просперитет на земјата и на регионот, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбата со в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер.

Рикер, истакна дека Република Северна Македонија и САД „отпочнуваат нова етапа во меѓусебните односи и соработка како сојузници во Алијансата“, потенцирајќи дека Северна Македонија се наоѓа на вистинскиот пат.

Тој ја нагласи неопходноста од продолжување на реформите во насока на зајакнување на севкупниот капацитет на земјата, вклучително и во доменот на правосудството и борбата против корупцијата. Амбасадорот Рикер ја реафирмираше силната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија –  полноправното членство во НАТО и ЕУ, и вчерашната поддршка на Комитетот за надворешни работи во Сенатот е уште една потврда за тоа.

На средбата беше направен пресек на билатералните односи меѓу двете пријателски земји, а детално беа елаборирани и прашања од доменот на евро-атлантската интеграција на Република Северна Македонија. Беа разменети и мислења за актуелните политички состојби во земјата и во регионот. Соговорниците ги оценија билатералните односи како исклучително цврсти и пријателски, засновани на стратешко партнерство и соработка во повеќе значајни области. Беше искажан заемен интерес за постојан политички дијалог и за натамошно унапредување на севкупната соработка.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...