Ексдиректорот на МЕПСО купил стан кој Јанева не го замрзнала во случајот „Поштенска банка“

1276

Сашо Василевски, кој пред десетина дена беше разрешен од директорската позиција во МЕПСО, купил стан од осомничен во случајот „Поштенска банка“ на СЈО три дена пред Катица Јанева да даде налог за замрзнување на имот, објави новинарот на А1он, Васко Маглешов.

Стнот, како што објави авторот, е купен за од 109 метри квадратни, а бил купен од гевгелиската фирма „Бетон Дооел“, сопственост на Томе Главчев, еден од осомничените во случајот на СЈО. Зделката била направена 17 дена по отворањето на истрагата.

Според извори од СЈО, пишува Маглешов, Јанева кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен.

Василевски, пак, рекол дека станот во скопки Карпош го нашол на оглас и оти не бил скап затоа што градбата била стара.

Целото истражување можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...