Џенифер Лопез наполни 50 години: Доби „порше“, огномет, луда журка ФОТО+ВИДЕО

Црвеното „порше“ било украсено со две огромни златни панделки, а Џеј Ло веднаш го испробала во Мајами.

1614

Пејачката и актерка Џенифер Лопез влезе во педесеттата година од својот живот со стил, и тоа најмногу благодарение на нејзиниот свршеник Алекс Родригез, кој за нејзиниот роденден ѝ подари автомобил „Porsche Carrera 911 GTS“, на чии регистарски таблички ги пишува иницијалите на пејачката. Луксузниот автомобил чини околу 140.000 долари.

Црвеното „порше“ било украсено со две огромни златни панделки, а Џеј Ло веднаш го испробала во Мајами.

Прослава истата вечер била поеднакво гламурозна. Ја организирале на острвот Стар Ајланд во Мајами за 250 гости, а темата била – златно. Меѓу гостите се наѓле дицеј Калед и Ашанти, Фет Џое и други.

Роденденската торта била исто така била вистинско ремек дело, а Алекс не ја „испуштал од око“ својата убава свршеница и цело време бил покрај неа и расположено танцувал.

Алекс на неговиот Инстаграм-профил сподели дел од роденденската атмосфера со луда и незаборавна забава. Тој ја почести својата свршеница и со емотивно кратко видео кое ги содржи сите нивни поважни заеднички моменти.

 

View this post on Instagram

 

The mf Queeeen 👑🙌🏼 @jlo #jenniferlopez #jlo

A post shared by Jennifer Lopez (@jlovibes) on

 

View this post on Instagram

 

Lmao Jen was too lit 😂😂❤️she’s so adorable @jlo #jenniferlopez #jlo

A post shared by Jennifer Lopez (@jlovibes) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...