Данев: Владата на СДСМ и ДУИ е најнеспособна од сите досега

246

Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажа дека e најнесособната од сите влади досега и нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт, рече Драган Данев, шеф на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во почетокот на образложението за интерпелација на Владата на денешната собраниска седница.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека во изминатите десет месеци владејачките партии заборавиле на предизборните партиски програми и ветувања кои ги дале пред граѓаните и не оствариле ниту еден единствен проект и реформа со кои ја барале довербата од граѓаните.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во изминатиот период Владата извршила партизирање на институциите, бркање од работа на професионалците од институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со пари на граѓаните, политички реваншизам и слично.

Како погубни се оценети и економските политики и планот „3-6-9“ и се обвинува Владата за класично распродавање и негрижа за прашањата од национален интерес.

Извесно е дека опозициската партија нема да собере 61 голас за да се изгласа недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вчера апелираше до пратениците да гласаат за интересите на граѓаните, а не за партиските и за личните интереси и да го поддржат нивното барање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...