Значително доцнење на лет или негово откажување, одбивање за влез во авион, сместување во пониска класа. На тоа се однесуваат најголем дел од барањата за заштита на правата на патниците доставени до Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Од почетокот на годинава до АЦВ пристигнале 12 барања за заштита на права на патници, од кои пет се веќе завршени, а седум се во постапка на решавање. Во претходните две години имало 42 такви обраќања до Агенцијата која успеала да реши 39 предмети.
За три предмети во фаза е коресподенција со релевантните институции за изнаоѓање соодветно решение, во интерес на патувачката јавност, велат за МИА од АЦВ.