Комитетот за надворешни работи на САД го ратификуваше протоколот за НАТО, на ред е гласање во Сенатот

190

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот заеднички на Фејсбуј ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.

Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.

Зелено свето за влез на Северна Македонија во НАТО досега дадоа 21 земја членка на Алијансата. Се очекува наскоро тоа да го направат преостанатите осум држави сојузници со што земјава и официјално ќе стане 30.членка на НАТО.

Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...