Вкупно 16 американски маринци биле уапсени вчера во нивната база во јужна Калифорнија, поради сомневање за казнени дела поврзани со дрога и шверц на илегални мигранти долж границата на САД и Мексико, соопштија американски воени претставници.
Апсењата на Камп Пендлтон произлегоа од одделна истрага на двајца други маринци кои биле уапсени претходно овој месец под обвинение за трговија со луѓе кое го поднеле федерални обвинители во Сан Диего, соопшти портпаролот на базата.
Маринскиот корпус соопшти дека освен маринците уапсени вчера, уште осуммина биле приведени на сослушување за неповрзани наводни кривични дела. Сите 16 притворени маринци се дел од Првата морска дивизија во кампот Пендлтон, една од најголемите бази на морскиот корпус на САД.
Ниту еден од уапсените не служел како поддршка на воена мисија долж границата со Мексико, соопшти морнарицата.