Од утре се стеснува движењето по булеварот Гоце Делчев

501

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре (26.07.2019 година, петок), поради влегувањето во нова фаза на градежните активности ќе има промена во сообраќајниот режим на дел од булеварот Гоце Делчев.

Од утре, во правец од ТЦ „Мавровка“ кон објектот на Владата ќе се вози по две сообраќајни летни, а градежни активности ќе се изведуваат на една сообраќајна лента во овој правец (досега беа затворени две а сообраќајот се одвиваше по една лента).

Во другата насока, во правец од Центар кон ТЦ „Мавровка“, од утре ќе се вози по една сообраќајна лента, додека две ќе бидат затворени и по нив ќе се изведуваат градежни работи.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолува сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...