Ева Шуклева е предложена од Министерството за транспорт и врски за нов генерален директор на МЕПСО, додека основачот на неделникот „Капитал“ и новинар Љупчо Зиков, повторно е предложен од Владата за директор на финансии и комерција во МЕПСО.
Тој и претходно беше предложен за оваа позиција, но ја врати поканата поради „многу пизма и зли мисли“ кон него и кон неговото семејство.