Рикер и Брнс се сретнаа и со градоначалникот Митко Јанчев

295

Филип Рикер, вршител на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија и амбасадорката Кејт Мери Брнс денеска се сретнаа со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Работната средба се одржа во кабинетот на градоначалникот, а изјави за медиумите не беа предвидени.

„Честа да се биде домаќин на високи политички претставници како што е г-дин Рикер е огромна и од големо значење за Општина Кавадарци“, наведе градоначаникот Јанчев.

Ова е и прва средба на градоначалникот со новата амбасадорка Кејт Мери Брнс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...