Aлијансата за Албанците до еврокомесарот Јоханес Хан испратила порака оти партијата е заинтересирана за реални и вистински реформи во правниот систем и дека ова првично треба да се направи со именување на обвинител од земјите на ЕУ кој ќе може да ја врати изгубената доверба.
„Не треба да се обвинуваат одредени држави во ЕУ поради тоа што не сме добиле датум за преговори бидејќи судбината на членството на земјата во ЕУ е во наши раце и лидершипот треба да сноси одговорност за тоа. Ова е последен момент судскиот систем да се реформира, така што судските органи да бидат слободни да осудуваат политичари кои го прекршуваат законот“, наведуваат од партијата.
Оттаму велат дека ќе ја поддржат секоја иницијатива со која ќе почне спроведувањето на реформите во правосудниот систем.