Шефот на новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, Советот на обвинители да го избира со двојно, односно со Бадентерово мнозинство Ова амандмански ќе го побара владиниот паретнер ДУИ.
– Знаете дека Катица Јанева беше избрана со двојно мнозинство. Сега бараме интервенција во новиот закон за Јавно обвинителство, а тоа му го соопшти Али Ахмети и на еврокомесарот Јоханес Хан. За оваа бараме поддршка од сите партии, особено од албанската опозиција – рече пратеникот Артан Груби.
Тој истакна дека немаат резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери.
–