ЗНМ: Дел од мерките во планот на Владата се проблематични

298
20150330 Monday 1015 ZNM zdruzenie na novinarite na makedonija

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) смета дека се проблематични дел од мерките во владиниот Предлог планот против ширење на дезинформации

„Во насока на исклучување на сомнежи за злоупотреба на обврската на Владата да ја гарантира слободата на изразување, од исклучителна важност е процесот на консултации за овие теми да биде максимално инклузивен и транспарентен од самиот почеток. Освен тоа, Владата треба да знае дека дефинирање на професионални стандарди и оценката за тоа дали некој новинар или медиум е етичен, може да ги прави исклучиво новинарскиот еснаф и јавноста, а не владина институција или каква било работна група во рамки на Владата“, реагираат од ЗНМ.

Тие го поддржуваат тоа што Владата планира одбранбен механизам внатре во институциите, преку креирање на протоколи и обуки за државните службеници. Но, од друга страна ЗНМ изразува загриженост за одредени мерки како што се: плановите за платени кампањи во приватните медиуми, најавата за ко – регулација; воведување на критериуми за акредитирање на медиуми кои ќе имаат право да ги следат владините настани во согласност со стандардите на новинарската професија; како и формирање на акциска група за борба на дезинформации со проблематичен состав и улога.

„Недореченоста на овие предлог мерки може да се толкува како обид за ограничување на слободата на изразување, а со тоа да се нанесе штета во и така кревкиот медиумски сектор во нашата земја“, велат од ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...