Морбидни правила на кралското семејство: На секое патување носат ќеси со сопствената крв

Кога членовите на кралското семејство патуваат, мора задолжително да се придржуваат на низа правила.

4411
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Членовите на британското кралско семејство живеат животи кои на многумина им делуваат како бајка.
Постојано патуваат, многу се богати и поголемиот дел од времето само посетуваат интересни настани.

Сепак, потемната страна на нивниот живот е постојаната подреденост на правилата и протоколите, а некои од нив навистина се бизарни.

Кога членовите на кралското семејство патуваат, мора задолжително да се придржуваат на низа правила, па така принцот Вилијам никогаш не би смеел да патува во ист авион како и неговите деца, бидејќи двајца наследници на круната не би смеелo да се најдат на истиот лет.

Иако Вилијам ова правило го крши, тоа е осмислено за во случај на несреќа или пад на авионот барем дел од кралското семејство да преживее.

Освен тоа, сите членови на кралското семејство каде и да патуваат со себе носат и црна облека во случај ако некој умре додека тие се на пат.

Принцот Чарлс и кралицата Елизабета Втора со себе носат и ќеси со сопствената крв, за која се грижи кралскиот лекар. Причина за тоа е можноста ако итно им затреба трансфузија.

Мора да бидат сигурни дека ќе ја добијат соодветната крв без оглед на тоа дали ја има во залихи на местото каде што патуваат или не.

Освен тие протоколарни правила со кои се обидуваат да се заштитат принцовите и принцезите, кралицата има и сопствени ситници кои секогаш сака да ги има покрај себе. Во своите куфери носи сапуни со мирис на бор, урамени семејни фотограии, нејзините омилени колбаси, специјален вид џин, јачменов слад и чајник со монограм. Можеби најнеобично барање на кралицата е на патувањата со себе секогаш да има тоалетна хартија која е заштитена со печат кој само таа смее да го скрши.

FOTO: EPA_WILL-OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...