Во Тетово се судија запрежна кола и „пасат“

97

Судир на запрежна кола и автомобил се случи денеска во Тетово при што се повредени две лица, соопшти СВР Тетово. До судирот дошло на самиот влез во Тетово кај подвозникот пред почетокот на булеварот „Илирија“.

– Патничкото моторно возило „Пасат“ со тетовски таблици го управувал Х.К. роден 1988 година од Шипковица, додека запрежната кола со коњ ја управувал лице со иницијали Н.Х. од Тетово. Двајцата се полесно повредени, но веднаш се однесени во тетовската болница за да добијат лекарска помош. Веднаш по судирот е започнат увид со цел да се утврдат деталите за инцидентот – изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...