Што од светската и балканска историја имаме присвоено. Кога тоа се случило, наведете конкретни примери преку учебници и друга литература. Дали наместо да се дообјаснувате не требаше ли да се извините, го праша премиерот пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова во врска со интервјуто на Заев за грчката телевизија Алфа.
Заев и одговори со контра прашање.
– Каде бевте вие, каде бевте сите кога се правеше идентитетски инженеринг, кога Груевски трчаше по медиуми да спроведе идентитетски инженеринг, да спроведе масовна и масивна културолошка операција за антиквинација и не фрлиа во изолација и го блокира процесот кон ЕУ и НАТО. И додека го правеа тоа ги извршија сите криминали. Јас ја вложив цела политичка сила за да ги решиме отворените прашања. Се справивме со антиквизацијата. Ако сме за ЕУ и НАТО треба и европски да се однесуваме, треба да сме транспарентни и конзинстентни- рече Заев.