Заев до Милошоски: Бесрамно лажеш, кажи надвор од говорница

1721

Веројатно имате ваша стратегија, но она што го кажувате кажете го надвор од говорница затоа што лажете, бестрамно лажете, му одговори премиерот Зоран Заев на пратеникот Антонио Милошоски на писменото пратеничко прашање за советникот Љупчо Зафировски.

Ова предизвика бурни реакции кај опозициските пратеници, бидејќи Заев користејќи ги новите преатенички прашања му одговори на Милошоски на претходното прашање. Милошоски пак, рече дека во јавноста има шпекулации дека на бизнисмен од Битола му е побаран рекет од 250.000 евра во кеш и тој за да се заштити од ваквото влијание се јавил во амбасадата на Белорусија во Белград. Пратеникот праша  дали во  кабинетот на премиерот имало ургенции на амбасадорот од Белорусија

– Да кажете дека Зафировски е советник оти соработувал со Заев е лага. Не можете сами да си креирате приказни за да исполнат некои ваши стратегии. Истото се случува и со бизнисменот. Тоа е одговорот на прашањето. Се знае дека ако некој бизнисмен бил рекетиран каде се пријавува, кај мене не дошол никој од белоруската амбасада. Ако тоа е така, на прес конференција со докази треба јавно да обелодени. Креирањето на вакви амбиенти нема да дозволиме да ви помине. РЕК транспарентно и чесно работи. Ваквите шпекулации имам обврска да ги демантирам. На Влатко Ѓорче сопругата ја ангажиравте за 1.800 евра, Ќе видиме како Франција ќе гласа во октомври. Зборувам за прашање кое е поставено и ова се бесрамни лаги. Никој нема право вака да го манипулира народот – рече Заев и додаее дека компаниите на Заев никогаш не соработувале со Зафировски.

Милошоски рече дека не е задоволен од одговорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...