Кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант одбива да потпише нов договор со актуелниот НБА шампион, објавија американските медиуми.
Како што е наведено, ѕвездата на Вориорс сака да ги ревидира условите на договорот, и за ова тој има намера прво да стане слободен агент.
Евентуално продолжување на договорот за следната сезона ќе му обезбеди на Дурант годишна плата од 26,2 милиони долари.
29-годишниот Дурант НБА кариерата ја започна во 2007 година. Пред Голден Стејт беше член на Оклахома Сити и на Сиетел Суперсоникс.