Заев: Истрагата за „Рекет“ да продолжи без разлика до кого ќе стигне

481

Последните случувања во земјава со аферата „Рекет“, рече премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, е порака која владата ја испраќала за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата.

– Пораката е никој не е привилегиран и амнестиран. Охрабруваме да продолжи постапката без разлика до кого ќе стигне – рече Заев.

Тој со Хан разговарал за новиот Закон за јавно обвинителство, кој треба да се донесе за, како што вели премиерот, да не оставиме аргумент на ниту една земја да каже „Не“ во октомври за датум за преговори.

– Новиот текст на предлог-законот е резултат на компромис и земени се предвид главните забелешки на опозицијата. Сега парламентот е местото каде пратениците имаат можност да го дефинираат конечниот текст – рече Заев.

Премиерот не одговори конкретно дали добил некакви гаранции од Хан за датум за преговори туку уште еднаш порача дека не треба да се остават аргументи за да не добиеме потенцирајќи го повторно Законот за јавно обвинителство. Тој очекува до крајот на овој месец да постигнат консензус.

– Опозцијата е вградена и имаме вин-вин ситуација, политичарите се надвор во процесот на одлучување. Денеска споделив искрени очекувања дека можеме до крајот на овој месец да постигнеме политички консензус – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...