Хан: Потребна е бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот!

289

Во Скопје дојдов да дискутирам за реформите со политичките лидери особено за владеењето на правото и правосудството. Сите политички сили треба да се фокусираат на стратегиската цел – евроатланските интеграции, порача еврокомесарот Јоханес Хан по средбата со премиерот Зоран Заев.

Тој испрати порака дека земјава е блиску до датум за преговори, мора сите да се фокусираат на негово добивање, но и да се расчистат корупциските случаи и да нема амнестија за никого.  На владата ѝ порача оти мора да се продолжи со рефор

– Македонија заслужува во октомври да добие зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради сето она што го направи изминатите години во спроведување на реформите, со Договорот од Преспа, но и Договорот за добрососедство со Бугарија. За тоа да се реализира, потребно е и натамошно спроведување на реформите особено во делот на овозможување на владеење на правото преку усвојување на законот за јавно обвинителство и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Притоа, сите политички чинители треба да ја имаат предвид иднината и интересите на граѓаните и државата – порача Хан.

Тој посочи дека ЕУ одблиску го следи владеењето на правото во земјава, мора се покаже и нула толеранција кон корупцијата, но и да нема амнестија за никого.

Еврокомесарот рече дека жали што сѐ уште не се отворени преговорите бидејќи земјава работела вредно за да испорача и сега е редно и европските лидери да ги исполнат ветувањата.

За опозицијата рече дека треба да се пофали што е конструктивна во Собранието, а на прашањето што ќе ѝ порача во средбата која ќе следи денеска тој одговори дека мора да се најде решение за Законот за обвинителство.

– Можам да ги поттикнам што е поскоро да дојдат до решение. За нас има неколку црвени линии најважната е дека за секое решение мора да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да се изгубат случаи. Никој не смее да биде амнестиран од целиот процес поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да се загарантира, така ние го гледаме владеењето на правото – рече Хан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...