(Вознемирувачко) Зајачицата на „Плејбој“ деноноќно пиела вотка, а потоа киселината почнала да ѝ ја нагризува кожата ФОТО

„Пиев во орманот, далеку од погледите на другите и тоа од самиот почеток.“

1325

Зајачицата на „Плејбој“ Џесика Ландон (37) пиела вотка 24 часа дневно додека киселината од урината не почнала да ѝ ја „гризе“ кожата.

Таа била зависна од алкохол веќе во својата 26. година, а тврдела дека зависноста ја стекнала, затоа што нејзината дадилка ја злоставувала кога имала само пет години.

„Пиев во орманот, далеку од погледите на другите и тоа од самиот почеток. Ретко пиев на забавите и во јавноста. Алкохолот беше волшебен лек кој го барав, единствена работа која можеше да ме ослободи од немирот, паниката и срамот што ги чувствував одвнатре“, раскажала таа.

На 19 години почнала да се занимава со моделство и да позира за „Плејбој“ и „Прфект 10“. Таа вели дека на 24-годишна возраст почнало нејзиното „кокетирање“ со алкохолот. Дошла до тој стадиум така што лежела на подот и не можела да стане. Тогаш се случило најлошото. Лежела и уринирала по себе, а киселината од урината почнала да ѝ ја „гризе“ кожата.

– Лежев на подот, речиси пијана до смрт. Бев неспособна да станам и да го користам тоалетот, бидејќи бев премногу слаба и атрофирана, па уринирав по себе повеќе од еден месец на истото место. Тоа се случуваше кога живеев на таванот на поранешното момче. Бев сама. Киселината ја изгриза мојата кожа кај колковите и грбот, што на крајот предизвика инфекција на крвните зрнца. Знаев дека брзо ќе умрам и станав очајна. Му се јавив на поранешното момче и го молев за помош. Веднаш се појави наредното утро со возило на Итната помош – се присетува Џесика.

Поради грозоморното искуство, Џесика сега им помага на другите. Алкохол не се напила од 2014 година.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...