„За малку ќе ми паднеше мобилниот телефон … Како?“, напишала 31-годишната пејачка Ријана на својот Инстаграм-профил и објавила фотографија од девојче кое изгледа како нејзината помлада верзија.
До малата двојничка дошла откако фановите на социјалните мрежи го пронашле Инстаграм-профилот на нејзината мајка, на кој таа веќе гради кариера како модел.
„Кога си родила дете?“, искоментирал раперот Снуп Дог. На чудењето на Инстаграм му се приклучиле и актерката Пријанка Чопра и манекенката Миранда Кер, а фотографијата ја споделила и Тајра Бенкс, очигледно надевајќи се дека од девојчето ќе направи успешно модно име.
Мајката на малото девојче редовно објавува фотографии од него на Инстаграм, а од нив е јасно дека сличноста со популарната пејачка навистина постои. Објавата која Ријана ја споделила со фановите довела до значително зголемување на бројот на следбеници на Инстаграм профилот на мајката.
„Тоа е моето дете“, гордо напишала таа под објавата на пејачката од Барбадос, очигледно подготвена за медиумската „врева“ која следела по ваквиот коментар.