На булеварот Партизански одреди при ископ на фекална канализација од страна на град Скопје, откриени се римски надгробни олтари (кипуси) и камен саркофаг од вториот век, соопшти НУ Конзерваторски центар Скопје.
Пронајдоците биле извадени во присуство на Вера Атанасовска, археолог виш конзерватор и директорот Коле Чапкановски, како и Ленче Јованова, археолог, советник-кустос, вработена во ЈУ Музеј на град Скопје.
Во соработка со Град Скопје тие ќе бидат пренесени на археолошкиот локалитет Скупи.